Штабот за заштита на Град Скопје интервенира во Доброште
Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје денеска работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце.
Се работи со возила бобкет и скип, два камиона кипери и еден ФАП кипер.
Во четвртокот градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани го посетија Доброште каде остварија средба со жителите на ова селото и направија увид во штетите направени од невремето. По средбата беа на терен за санирање на поголемите штетите создадени од големото невреме.
При посетата на терен беа утврдени приоритетните активности коишто треба да се спроведат, при што се заклучи треба да се помогне во расчистување на неколку оштетени куќи, како и на коритото на реката во Доброште.
Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила (возила, цистерни и противпожарни возила) и друг вид механизација (пумпи за влечење на вода).
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!
-
Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
-
Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово
-
25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник