Штабот на Бајден: Барањето на Трамп да престане броењето на гласовите е безобразно
Шефицата на кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден, Џен О’Мали Дилон истакна дека прогласувањето на победа од страна на претседателот Доналд Трамп и барањето да престане броењето на гласовите е „безобразно, невидено и не точно“.
– Изјавата на претседателот за да се стопира пребројувањето на гласовите е безобразна, невидена и не точна. Никогаш претходно во нашата историја претседател на САД не се обидел да им го одземе гласот на Американците на националните избори, истакна Дилон.
Таа наведе дека Трамп нема правна моќ да прогласи победа или да влијае врз пребројувањето на гласовите, додавајќи дека правдата ќе ја бараат на суд.
Претходно, Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако Изборната комисија не ги има преброено сите гласови и ги обвини демократите дека се обидуваат да ги обесправат неговите гласачи, наведувајќи дека тие нема да го дозволат тоа.
– Искрено, победивме, иако не се преброени сите гласови. Му благодарам на американскиот народ за големата поддршка. Милиони и милиони луѓе гласаа за нас денес, но една тажна група на луѓе се обидува да ги обесправи. Нема да го дозволиме тоа. Се подготвувавме за голема прослава, рече Трамп.
Тој додаде дека ќе оди во Врховниот суд и ќе побара да се запре гласањето, наведувајќи дека е очигледно дека републиканците водат во преостанатите неколку држави и дека Бајден и демократите не можат да ги достигнат.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци