„Шпилје“ и „Глобочица“ за шест месеци произвеле околу 334 милиони квч електрична енергија
Во Хидроелектраните „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат црнодримскиот слив, во првото полугодие од годинава произведени се вкупно 334 милиони киловат часови елекрична енергија.
И во двете хидроелектрани, според надлежните, планираното производство за овој период од годината не само што е остварно, туку и натфрлено.
ХЕ „Шпилје“ во првото полугодие од годинава испорача над 207 милиони квч електрична енергија што претставува натфрлување на планот за предметниот период за над 30 проценти. Овој резултат претставува реализација на 75 отсто од планираното производството за цела година, согласно енергетскиот биланс.
- Во хидроелектраната „Глобочица“ во првото полугодие забележано е поголемо производство од планираното за околу 22 отсто.Во овој извештаен период произведени се над 126 милиони квч електрична енергија што претставува реализација на годишниот план за 66 отсто, велат надлежните од ХЕ „Глобочица“.
Според нив, добрите производни резултатите се должат на поволната хидрологија, погонската подготвеност и на солидната оптимизација на производните капацитети.
Инаку и двете хидроелектрани во моментот имаат солидна резерва на вода во акумулациите.
Во акумулациите „Дебарското езеро“ и „Глобочица“ има резерва на вода за производство на над 30 милиони киловат часови електрична енергија, а просечниот дотек на вода изнесува околу 30 кубни метри вода во секунда.
Ново на Сител
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра