„Шпигел“: Германски БНД ги шпионирал Франција и САД
Германските тајни служби, веќе обвинети за шпионажа во корист на САД, самостојно шпионирале и неколку сојузнички држави, меѓу кои се САД и Франција, тврдат германските медиуми.
Претходно германската служба за надворешно разузнавање БНД беше обвинета дека за потребите на американската Агенција за национална безбедност (НСА) прислушкувала претставници на француското претседателство и Министерството за надворешни работи, како и на Европската комисија.
Германското радио РББ и онлајн изданието на списанието „Шпигел“ денеска соопштија дека БНД, овој пат на своја иницијатива, ги шпионирала амбасадите и владите на неколку сојузнички и европски држави, конкретно Франција и САД.
Германската служба за надворешно разузнавање употребувала не само селектори (клучни зборови, имиња, броеви на телефони и кредитни картички) што и биле дадени од НСА, туку и такви што самата ги избрала. Оваа своја шпионска активност БНД ја развивала неколку години, пред да ја прекине во текот на есента 2013 година.
Комисијата на германскиот Парламент, која ги истражува шпионските пракси во последните неколку години, синоќа била информирана за овие најнови тврдења. Таа следната недела ќе ги сослуша преставниците на БНД и двата медиума.
Во есента 2013 година информациите дека НСА го прислушкувала мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел предизвикаа силна тензија меѓу Вашингтон и Берлин.
-Не треба да се прави шпионажа меѓу пријатели, рече тогаш Меркел.
Истрагата што ја почна германското правосудство за овој случај заврши во јуни годинава.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција