Шпекулациите за девалвација се јавуваат пред секои избори - изворот е во штабот на СДСМ
Пред речиси секои избори од 2006-та наваму, а особено парламентарните, во јавноста се шират шпекулаци за девалвација. Паника дека ќе се намали вредноста на денарот се создаваше во 2008-та, 2011-та и 2014-та.
Според познавачите, се работи за редовна предизборна тактика на СДСМ, која оваа година е проширена и со гласините дека се несигурни штедните влогови.
Демант на овие тврдења денес упатија претстсавниците на банките, порачувајќи дека банкарскиот систем е најздравиот дел од македонската економија.
- Во името на моите колеги кои ги водат домашните банки сум областен да ги известам граѓаните дек штедните влогови што ги имаат во банките им се сигурни и стабилни. Граѓаните немаат потреба да бидат вознемирени од одредени шпекулации кои се без никаква основа, дека заштедите им се сигурни и стабилни и дека тие треба да се водат само од својот интерес, а тоа е средствата да им се оплодуваат и да ги пласираат таму каде што самите ќе одлучат, изјави Коста Митровски, претседател на здружение на банкарство при СКМ.
Првиот човек на здружението рече дека банките имаат вишок ликвидност и дека се подготвени да ги сервисираат сите потреби на граѓаните кои можат слободно да располагаат со своите пари, независно дали сакаат да ги менуваат во евра или обратно, да ги подигитаат или орочуваат.
Шпекулациите ги отфрли и гувернерот на Народната банка, порачувајќи дека економските фундаменти на земјата се здрави, а гласините оркестрирани.
Македонија во последните два месеци има вишок во платниот биланс, а во последните пет години дефицит кој е помал од 2% од БДП и кој лесно се покрива дури и при пониско ниво на странски директни инвестиции, што говори дека нема никакви основи за девалвација, посочи Богов.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
