Фудбал
5. May 2016 - 9:15

Шпанскиот суд со пријава до Адриано

Бразилскиот фудбалер од одбраната Адријано е нов играч од Барселона со проблеми околу избегнувањето на плаќање данок, а шпанските власти во среда го обвинија дека затаил околу 650 илјади евра.
Како и своите соиграчи Лионел Меси, Хавиер Маскерано и Нејмар, и Адријано не пријавил вистинска сума на пари на даночната пријава. Бразилецот износот од 650 илјади евра го платил на почетокот на март на шпанската држава, но судот во Барселона сепак покрена постапка, па наскоро се очекува и казна. Судот го сомничи дека затаил данок на платите од 2011 и 2012 година преку офшор компанија на португалскиот остров Мадеира.
 
Најголемата ѕвезда на Барселона, Меси, обвинет е дека затаил повеќе од 4 милиони евра од 2006 до 2009 година, а неговото рочиште е закажано за 7 јуни. Маскерано во јануари доби година дена затвор заради затајување на 1,5 милиони евра, но Аргентинецот се спогоди со судот и нема да оди во затвор.