-->
-->
Шпанскиот репрезентативец заработува милиони, неговата мајка проси пред супермаркет
-->
Шпанскиот репрезентативец Нолито само неколку месеци по доаѓањето во Манчестер Сити, пружа одлични партии и одлично се вклопи во новата екипа. Сепак, неговата ситуација на приватно поле и не е така сјајна.
Иако заработува 110 илјади евра неделно, Нолито од тие пари повеќе не одвојува ништо за својата мајка која сега е принудена да проси за леб пред еден локален супермаркет во Шпанија.
Росио Агудо Дуран откако имала голема кавга со својот син открила се на шпанските медиуми.
– Ми рече: Оди по ѓаволите…ако сакаш да крадеш, кради, ако сакаш да просиш, проси, не ме интересираш, и напишал Нолито на својата мајка која вели дека и е многу тешко откако престанал да и праќа пари за храна и кирија.
Сепак, треба да се земе во предвид дека таа го оставила Нолито кога бил многу мал, имала проблеми со дрога и алкохол, а издржала и затворска казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата