Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера на проштална средба со министерот Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на проштална средба со шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, му врачи плакета-благодарница за неуморниот ангажман во продлабочувањето на односите меѓу двете држави и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за интеграцијата на Македонија во Европската Унија, соопшти МНР.
– Имаме одлични и пријателски односи со Кралството Шпанија, а во нашата колективна меморија ќе остане запаметено вонредното ангажирање и одржување на видеоседницата на Сенатот на Шпанија со цел последната ратификација на Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, во март 2020 година, истакна Османи.

Како што информира МНР, двајцата соговорници разменија мислења и за добрососедските политики во регионот, внатрешнополитичката состојба во земјата, како и за други актуелни меѓународни прашања со геополитичка конотација.
Ново на Сител
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
