Шпанската полиција уапси 24 лица и заплени 2,4 тона наркотици
Шпанската полиција уапси 24 членови на колумбиска нарко мрежа, кои се обиделе да формираат канал за продажба на кокаин на големо, пренесоа светските агенции.
Во акцијата на полицијата конфискувани се 2,4 тона наркотици.
Ова е најголемото количество запленета дрога од јануари минатата година, кога силите на редот открија три тони кокаин.
Меѓу уапсените се и двајцата шефови на групата, информира полицијата.
Денеска силите на редот запленија шест превозни средства со бункери за пренесување наркотици и претресоа повеќе станови во неколку делови на Шпанија, вклучувајќи го и Мадрид.
Осомничените шверцери биле организирани во две групи, поврзани со картелот Кукута.
-Повеќето уапсени имале колумбиско државјанство, а другите биле Шпанци. Голем дел од нив биле важни фигури во меѓународниот шверц на кокаин, додаде Рикардо Торо, директор на одделот за борба со наркотици во шпанската полиција.
Ново на Сител
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама