Шпанската полиција соопшти дека запленила рекордни 32 тони канабис
Шпанската полиција вчера соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра.
Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица.
Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо и Валенсија, каде што осомничените го складирале најголемиот дел од својата стока
Според шпанската полиција, канабисот бил спакуван со план да биде дистрибуиран во различни шпански региони, но и во странски земји, „главно во Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија“.
Во акцијата се приведени 20 лица на возраст од 20 до 59 години. Од нив, девет се мажи, а 11 се жени. Криминалната група на која и припаѓаат „го контролирала целиот процес на производство и дистрибуција на дрога“, објаснуваат од полицијата.
Ново на Сител
-
Европол: Разбиена меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица
-
Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа
-
Мицкоски: Над 720 милиони денари за инвестции во спортска инфраструктура
-
Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“
-
Новозеландска пратеничка исфрлена од Парламентот заради говор за Газа
-
Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД
-
Маск најави тужба против Епл
-
ДЗР: Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена