Шпанија по вторпат светски првак
Шпанија е освојувач на 18. Светско првенство во кошарка, освојувајќи го вторпат кошаркарскиот Мундијал по убедливата 95:75 (23:14, 20:17, 23:16, 29:28) победа над Аргентина во „Кадилак арената“ во Пекинг.
По сите изненадувања на Мундијалот, Шпанците во финалето почнаа цврсто, не давајќи им шанса на Аргентинците да „дишат“, добивајќи ја првата четвртина со 23:14, предност која на полувреме достигна до 12 поени (43:31).
И второто полувреме почна идентично, откако „фуријата“ ја доби третата четвртина со 23:16 и иако Аргентинците имаа подобра последна четвртина, пропустите од стартот на мечот не дозволија тие да се доближат до незапирливата „Фурија“.
Рики Рубио постигна 20 поени, Серхио Љуљ додаде 15, додека Марк Гасол, кој стана вториот кошаркар по Ламар Одом со трофеј од СП и од НБА лигата во иста година, постигна 14 поени и имаше 7 скока и 7 асистенции. За Аргентинците, Габриел Дек уфрли 24 поени, а Николас Лапровитола 17. Луис Скола беше целосно „затворен“ и првите поени од игра ги постигна во последната четвртина, завршувајќи со само 8 поени.
Ова е втор трофеј на Шпанија на СП по тој во 2006 година, додека Аргентинците не успеаја да стигнат до втората титула по таа во далечната 1950 година. Претходно во мечот за третото место, Франција ја освои бронзата со победа над репрезентацијата на Австралија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден