Шпанија од јуни ќе прима туристи со ковид-сертификати
Шпанија планира да ги отвори границите за странски туристи во јуни според шемата за дигитални здравствени сертификати за Ковид, изјави државниот секретар за туризам.
Фернандо Валдез на самитот на Светскиот совет за патувања и туризам во Мексико рече дека програмата – согласно која туристите ќе можат да покажат дека биле вакцинирани, дека имаат негативен тест или неодамна го прележале вирусот – ќе биде „основна за да се понуди безбедност на патниците“.
Валдез рече изјави дека Шпанија во мај ќе учествува во пилот-шема за дигитални сертификати и ќе биде „подготвена да ги прими посетителите во јуни“. Тој истакна дека сертификатите „не се волшебно стапче“.
– Ова е одреден степен на безбедност, бидејќи тие ќе им овозможат на туристите да патуваат доколку биле вакцинирани, ако имаат негативен тест, иако не биле вакцинирани, или ако го прележале коронавирусот, рече тој.
Шпанија, која зависи од туризмот за околу 12 отсто од својот БДП, е во четвртиот бран на пандемијата. Од почетокот на пандемијата до денеска со коронавирусот биле заразени 3.496.134 лица во земјата, а починале 77.855 луѓе.
Од 47 милиони жители, во Шпанија досега се администрирани 14.994.667 дози вакцини против Ковид-19, 4.020.945 лица веќе примиле две дози.
Шпанската коалициска Влада предводена од социјалистите соопшти дека има за цел до крајот на летото да вакцинира 70 отсто од населението.
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
