-->
-->
Шолц: Во Германија ќе биде забрането дејствувањето на Хамас
-->
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска соопшти дека неговата Влада ќе ги забрани активностите на палестинската милитантна група Хамас во таа земја.
Освен тоа, ќе бидат забранети активностите на пропалестинското здружение „Самидун“, откако неговите членови ги прославија „најбруталните терористички акти на улиците“, рече Шолц, пренесе Си-Ен-Ен.
Тој го критикуваше Иран за поддршката на палестинската милитантна група Хамас и рече дека ќе работи со регионалните сили за да се обиде да го запре натамошното насилство.
„Иако немаме цврсти докази дека Иран оперативно го поддржал овој кукавички напад, на сите им е јасно дека без иранска поддршка, Хамас никогаш немаше да може да го изврши овој напад без преседан“, рече Шолц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кејн надвор од терените
-
Познати сите учесници на Светското клупско првенство 2025
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
РКЕ ќе соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари
-
Приватните превозници се враќаат на скопските улици
-
Во сообраќајна несреќа во Будва загина македонска државјанка
-
Бајден го помилува својот син Хантер
-
Во Белград тридневен прекин на работата на адвокатите поради измена на Кривичниот законик