-->
-->
Шолц ја повика Кина да не и испорачува оружје на Русија
-->
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не и испраќа оружје на Русија како помош во војната против Украина, туку наместо тоа да ја притисне Москва да ги повлече своите војници од оваа земја, пренесоа британските медиуми.
Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии.
-Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да повикате на повлекување на руските трупи, рече Шолц во говорот во германскиот Парламент.
„И не му испорачувајте никакво оружје на агресорот Русија“, потенцираше Шолц во говорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија