Македонија
29. May 2024 - 12:27

Шокаровски: Моето разрешување е незаконско

Моето разрешување е незаконски бидејќи во мандат на техничка влада не може ниту да се именуваат ниту да се разрешуваат раководители изјави на пресконференција директорот на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.

Тој ги повика институциите итно да реагираат за законитоста во овој случај.

По информациите дека разрешувањето е резултат на нестручно  работење на клиниката и зголемување на смртноста, Шокаровски демантираше и тврди дека бројките го покажуваат спротивното.