-->
-->
Шокантно сведоштво на родителите на терористот од Стразбур: Таткото знаел дека синот му е џихадист - Не можев да му докажам дека ИД е зло!
-->
Таткото на Шериф Шекат, кој изврши напад во близина на Божиќниот саем во Стразбур во вторникот, вели дека неговиот син ги поддржувал ставовите на терористичката организација ИД.
Абделкрим Шекат, Французин со алжирско потекло, изјавил во интервјуто за една француска телевизија дека го видел својот син, Шериф, три дена пред нападот, но дека не бил во контакт со него додека бил во бегство.
- Тој зборуваше дека ИД се бори за вистинските цели, рекол таткото и додал дека во минатото два пати се обидувал да го одврати од џихадистите.
- Му реков да заборави на ИД, не слушај што зборуваат. Зар не гледаш какви злосторства прават?, раскажал и додал дека неговиот син секогаш му возвраќал дека „тоа не се тие“.
- Да ми кажеше дека планира да убие некого, би го пријавил веднаш во полиција, рече таткото.
Мајката на Шериф, Руад Руаг, во истото интервју, изразила шокираност и жалење поради убиствата што нејзиниот син ги извршил.
По нападот терористот Шериф беше убиен од страна на полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо