Шокантно: Сред бел ден се обиде да и го грабне тримесечното бебе од раце

На снимката од безбедносните камери се гледа шокантниот момент кога насилник се обиде да го грабне тримесечното бебе од рацете на неговата мајка и тоа среде бел ден.
Непознат човек ја нападнал и оборил Ирене Кајал и се обидел да и го грабне девојчето од раце.
Инцидентот се случил во центарот на Буенос Аирес и благодарение на храброста и присебноста на мајката напаѓачот заминал со празни раце.
Бебето е задржано во болница поради мала повреда на главата, но е во добра здравствена состојба. Мајката изјави дека по настанот животот и се променил целосно, имајќи во предвид дека за неговиот живот се бореал и претходно зошто било многу малечко и предвреме родено.
Засега не е познат идентитет на напаѓачот, но во Аргентина често има напади врз луѓе и обично станува збор за крадци кои бараат пари или телефони од жртвите, а ако не им дадат тогаш им го земаат првото што ќе им дојде при рака.
Во случајов тоа е малечкото бебе.
Ново на Сител
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
