Живот
11. July 2017 - 12:15

Шокантно: Ја оставиле ќерката да гледа телевизија во прегратката на питон долг 4 метри

Фејсбук корисникот Ед Таока сподели видео на кое се гледа неговата ќерка како гледа телевизија со питонот Шер долг 3,6 метри. Оваа снимка ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.

Девојчето мирно седело покрај змијата и гледа теелвизија, а делува како двојката одлично да се сложува.

Многумина искоментираа дека девојчето е во опасност зошто змиите со оваа должина, никогаш не се знае што би направиле.

Корисниците ги критикуваа родителите дека се однесуваат неодговорно, истакнувајќи дека змијата и не е некое домашно милениче што треба да се чува во куќа посебно ако во неа има и деца.

Снимката е споделена и на Фејсбук и на ЈуТјуб, а прегледан е 252.000 пати.

Погледнете го видеото: