Живот
3. December 2015 - 22:46

Шокантно: Еве како дедо ја носи својата внука на училиште

Снимката покажува неименуван дедо како пристигнува на станицата на училишниот автобус во провинцијата Гуанддонг во југоисточна Кина, носејќи го детете во вреќа на рамо, а училишниот ранец во другата рака.

Кога ја спушта вреќата на земја, станува очигледно дека неговата внука е внатре. Тој го вади расплаканото дете од пластичната вреќа за компири и ја пика во автобусот.

Останува со празната вреќа во рака се додека автобусот не се оддалечи.