Џет-Сет
9. January 2017 - 22:47

Шокантно: Цеца претепана и раскрвавена

Во утрешниот број на српски Курир ќе бидат објавени фотографии од претепаната пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Не станува збор за фотографии од навистина претепаната Цеца, туку од кампањата „Стоп за насилството“ кон која се приклучи и оваа музичка ѕвезда.

Акцијата на весникот Курир досега ја прифатија бројни јавни личности, меѓу кои и познатата српска кошаркарка Милица Дабовиќ, пејачката Сека Алексиќ, новинарката Наташа Миљковиќ и актерката Калина Ковачевиќ.