Шокантен пресврт во приказната за прегазениот Лука - неговиот татко збесна
Вистински прсврт во приказната која ја потресе Србија, како и регионот, во кој Марко Миличевиќ како што беше познато до сега, со автомобил го усмрти 21-годишниот Лука Јовановиќ во јули 2014 година.
Затвореникот кој бил во истата ќелија со Марко, раскажа неверојатна приказна која го менува целиот тек на судењето и истрагата. Имено, Марко му признал дека тој не го возел автомобилот на смртта и дека на Бранковиот Мост во Белград не го усмртил младиот Лука, туку ја одлежува казната на друг за 550.000 евра.
Автомобилот според неговите зборови го возела сопругата на познат бизнисмен од Србија. Таа останала со Милиќевиќ на еден сплав, а кога тргнала дома го прегазила момчето. Се вратила испаничена, се јавила на сопругот, па тој му понудил на Марко да ја одлежи казната за голема сума на пари.
По оваа информација се огласи и таткото на момчето, кој со години ја бара правдата. Според него, новиот дел од мозаикот во случајот се поклопува со неговите тврдења, како и со приказните кои кружат веќе две години. Тој вели дека нема да се смири додека не излезе вистината на виделина и неговиот син не почива во мир.
- Очекувам надлежните органи да го решат случајот. Да се испитаат информациите кои се појавија дека Миличевиќ го штител убиецот на моето дете, вели таткото Бојан Јовановиќ, чии рани сеуште крварат.
21-годишното момче беше усмртено со автомобил во јули 2014 година.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа