Шок во Италија: Дете (13) и` направило дете на учителката по англиски (31), полицијата истражува кој е таткото и на нејзиниот постар син (11)
Во Италија е уапсена жена за која се сомневаат дека има дете старо 7 месеци чиј татко е дете на возраст од 13 години.
Наводно, детето имало само 13 години кога жената почнала да спие со него, а сега има 14 години. Под истрага е и сопругот на жената кој знаел дека детето не е негово, но го признал.
Двојката има и постар син од 11 години, но истражителите се сомневаат па истражуваат дали тоа дете е на сопругот или пак жената го родила по некоја афера со некој значително помлад. Властите случајот почнаа да го истражуваат на почетокот на март. Кориере дела Сера пишува дека им се обратила мајката на детето. Рекла дека семејната пријателка на детето му давала часови по англиски.
„Мојот син стана нервозен, се помалку јадеше, лошо учеше. Го прашував што не е во ред. Ми рече дека е виновна таа жена, која сака да го задржи за себе. Ми рече дека не сака повеќе да оди кај неа и дека детето што го родила не е од сопругот туку негово“, рекла мајката на детето.
Осомничената е во куќен притвор од вторникот. На нејзиниот компјутер е пронајдена детска порнографија. Обвинителот Џузепе Николоси рече дека жената на детето му праќала пораки. Му се заканувала дека ќе се убие ако детето ја прекине врската со неа.
Ново на Сител
-
Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала
-
Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин
-
Четиригодишно девојче почина од глад во Газа додека Израел го ограничува снабдувањето со храна
-
Гори планината Готен на тромеѓието на општините Берово, Василево и Радовиш
-
18 годишник со македонско потекло планирал терористички напади во Австрија
-
Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“
-
Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, сите детали ќе се знаат во втората половина на август
-
Министерот Алиу на средба со хонорарците во Тетовската болница, ќе има административен тест по што ќе следи вработување