Македонија
28. April 2017 - 11:57

Шок од утре: УХМР најави страшно невреме

Утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, кој попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.

Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер. 

Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и со умерен до засилен североисточен ветер,

Температурата ќе опадне за 4 до 5 степени во споредба со утрешната. Локален дожд со услови за ретки грмежи се очекуваат и во текот на следната работна недела, кога поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст.