-->
-->
Шок од Америка: Трамп завојува со Кина, кривични пријави против Huawei, од Пекинг веднаш простигна жесток одговор
-->
Кина изрази сериозна загриженост бидејќи САД поднесоа кривична пријава против Huawei и финанскиот директор на компанијата Менг Вангжу. Кинеската влада го повика денеска Вашингтон да „ престане со неразумните напади“ врз кинеската технолошка компанија Huawei , против која САД во понеделникот покренала тужба за крадење на технологија и кршење на санкциите кон Иран.
Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ги негираше информациите дека има некакво прекршување бидејќи американските обвинители поднеле неколку кривични пријави против фирмата.
Поради овој случај би можело да дојде до тензии меѓу Кина и САД и да доведе до ескалација.
Во соопштението, Huawei наведено е дека се „разочарани од сознанието за тужбите кои ги покренале против компанијата“.
Во соопшетнието исто така се наведува дека компанијата не направила „ниту едно од утврдените кршења на законот„ и дека „ не е свесна за било каква злоупотреба од страна на финансискиот директор“.
Исто така во соопштението се наведува дека тужбата за крадење на деловни тајни била предмет на граѓанска тужба, што поротата не утврдила „ниту штета, ниту пак намерно и злонамерно однесување“.
Кинеското министерство за надворешни работи ја повика Америка да престане со „неразумното потиснување“ врз кинеската компанија, вклучувајќи и Huawei
Кина „одлучно ќе ја брани„ компанијата, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи, но не прецизира какви мерки Пекинг може да превземе како одгвоор на тужбата против водечкиот кинески глобален технолошки бренд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
-

Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
-

Се градат неколку важни водоснабдителни системи во прилепските села и градот
-

Жетвата на јачменот во полн ек, откупната цена екстремно ниска
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
