Шок: Даниела пред две недели се омажи, а сега и спремаат погреб заедно со нејзината мајка
Во Лозница шок по тешката сообраќајна несреќа во која загинаа мајка и ќерка.
-Ако за некој може да се каже дека се полни со љубов и внимание кон луѓето, дека се чесни и почитувани, тогаш тоа е ова семејство. Поради ова тешко можат да се задржат солзите. Даниела се омажи пред 15 дена во Горњи Добриќ. Двете куќи се веселеа, а сега чекаа погреби, вели Зоран Мариќ, роднина на Светлана и Даниела Степаниќ, мајката и ќерката кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Лозница пред два дена. Таткото и сопруг на настраданите, Милорад Степаниќ се здоби со тешки повреди.
-Ова е голема трагедија и нема што да кажеме, јасно е со каква болка сме соочени, рече братучед на покојната Даниела.
Васо П. сопруг на несреќната Даниела, по страотните вести дошол од Црна Гора каде работи како градежен работник. Соседите велат дека занемел од тага и не може да зборува. Неми од болка се и браќата на Даниела Дане и Дејан.
Никој во вторникот не знаеше да каже кога точно ќе биде погребот. Во меѓувреме возачот на џипот со иницијали Д.В. од Трбушница кај Лозница, кој се судри со полото е во полициски пртивор.
Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, кој ќе одлучи за натамошниот притвор.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик