Шмигал: Самитот Украина-Европска унија ќе се одржи в петок во Киев
Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска изјави дека самитот Украина-Европска унија (ЕУ) ќе се одржи в петок во Киев, а ден претходно – први „меѓувладини консултации“ меѓу Киев и Европската комисија.
„Фактот што самитот се одржува во Киев е силен сигнал и за нашите партнери и за нашите непријатели“, рече Шмигал на состанокот на Владата и додаде дека од самитот очекува позитивна оценка за напорите на Украина за европска интеграција.
„Консултациите во четврток и самитот в петок ќе бидат два исклучително важни состаноци за европската интеграција на Украина, бидејќи тие треба да и овозможат на Европа да верува во победата на Украина и да ги поддржи активностите на Украина кои водат кон членство во ЕУ“, рече Шмигал.
На крајот на јуни 2022 година, Украина доби официјален статус на кандидат за прием во ЕУ, што беше силен симболичен гест четири месеци по почетокот на руската инвазија.
Ново на Сител
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
-

Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
