Шлаканицата за Макрон снимена од друг агол | ВИДЕО
Маж му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на департментот Дром на југоистокот во Франција, а медиумите објавиле снимка од друг агол.
Макрон инаку крајно расположен притрчал кон насобраните, не знаејќи дека нема да има пријатно добредојде.
Пришол кон оградата и тргнал да се поздравува со луѓето, а мажот го фатил за рака, после што му удрил шлаканица.
Вознемирениот Макрон рефлексно се поместил на страна, а припадниците на обезбедувањето го одвлекле. Напаѓачот брзо бил уапсен.
Макрон потоа истакнал дека станува збор за изолиран случај и дека не треба да се дава големо внимание.
„Не треба да им се дозволува на агресивните луѓе да завладеат нсо јавната дебата. Тие тоа не го заслужуваат. Се е во ред. На тоа треба да се придаде ограничено значење затоа што станува збор за поединечлен инцидент. Тоа не треба да ги фрли во сенка другите важни теми“, рекол претседателот на Франција.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола