-->
-->
Шкупи -Вардар за место во 1/4-финалето на Купот на Македонија
-->

Екипите на Шкупи и Вардар попладнево ќе го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија со што и официјално ќе биде заокружен есенскиот дел во домашниот фудбал.
Првата средба на „Филип Втори“ заврши без победник 1-1, па затоа двата тима имаат свои калкулации како да минат во следната рунда.
"Последен натпревар за нас оваа година која што беше успешна, и на тој начин сакаме да ја завршиме. Сигурно дека ќе атакуваме на победа и на пласман во следната фаза од Купот. Нашите амбиции се и освојување на Купот сезонава и поради тоа ќе дадеме максимум да оствариме резултат за следната фаза“, изјави фудбалеро на Вардар, Дарко Велковски.
Тренерот на чаирчани, Ардијан Нухију се надева дека неговите избраници ќе успеат да го повторат настапот од последните две средби против вардарци, кога во првиот дуел од купот одиграа нерешено 1-1, одноно во првенствениот меч пред десетина дена Шкупи славеше победа со 2-0.
„Знаме дека не чекаат тешки 90 минути. Имаме позитивен резултат од првиот меч, но тоа е минимална разлика. Ние сме подготвени за овој предизвик и мислам дека ќе успееме да постигнеме позитивен“, истакнува Нухију.
Исходот од овој меч го очекува тетовска Шкендија која ќе биде противник на Вардар или Шкупи во четвртфиналето.
Инаку екипите на Академија Пандев, Пелистер и Ренова веќе обезбедија пласман полуфиналето.
Денешниот дуел меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 13 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
