Шкотските националисти бараат нов референдум за независност
Владејачката Шкотска национална партија вети дека ќе одржи референдум за независност до крајот на 2023 година, потег кој може да го раздели Обединетото Кралство, ставајќи крај на 314-годишниот сојуз. Тоа се случува во момент кога Лондон се бори со последиците од Брегзит и кризата со Ковид-19.
Шкотска гласаше против независноста со 55 отсто наспроти 45 проценти во 2014 година, но Шкотската национална партија (СНП) на актуелната премиерка Никола Старџен посакува нов референдум доколку победи на изборите за шкотскиот Парламент на 6 мај.
Британскиот премиер Борис Џонсон постојано ги отфрла барањата за референдум.
– Ние веруваме дека народот во Шкотска треба да има можност на референдум, кога ќе заврши кризата со Ковид-19, да одлучи дали Шкотска треба да биде независна држава, велат од партијата во манифестот кој беше објавен вчера.
Датумот на референдумот ќе биде одреден од Парламентот.
Иако Џонсон има моќ да одбие ново гласање за независност, тој веројатно ќе се соочи со уставна битка со Шкотска.
Националистите моментно имаат 61 од 129 места во шкотскиот Парламент.
На референдумот за Брегзит во 2016 година, Шкотска и Северна Ирска гласаа за останување во Европската унија.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар