Шкотски суд: Одлуката на Џонсон за суспензија на Парламентот е нелегална
Шкотски суд денеска ја прогласи одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот како нелегална, но не нареди укинување на суспензијата.
Комисија со три судии ја поддржа тужбата од група политичари од различни партии кои се спротивставија на тој потег на премиерот.
Денешната пресуда ја преиначува претходната пресуда на судот што минатата недела објави дека Џонсон не го прекршил законот.
Одлуката нема веднаш да влијае на суспензијата на британскиот Парламент, која започна вчера.
Судиите нагласија дека конечната одлука треба да ја донесе британскиот Врховен суд, што ќе расправа за тоа прашање во вторник.
Во денешниот заклучок на шкотскиот суд се наведува дека судиите едногласно изразиле уверување дека одлуката на Џонсон да го суспендира.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска