Фудбал
2. December 2017 - 10:59

Шкендија го „купува“ Фелипе

Како што пишува единствениот македонски спортски весник „Македонски спорт“  Бразилецот Луис Фелипе е на мета на ФК Шкендија која сака да го има најдобриот фудбалер на Вардар во своите редови за настапите во Европските купови наредната сезона.
Раководствата на двата клуба покажале заеднички интерес за реализација на овој трансфер иако Фелипе има договор со Вардар до 2020-тата година.
Бразилецот е во црвено-црниот дрес од 2015-тата година и на 79 меча постигна 29 гола.