ШК Алкалоид: Свечено прославена европската шампионска титула

Шаховскиот клуб Алкалоид, во понеделникот, со пригодна свеченост го прослави најголемиот успех во историјата на клубот, освојувањето на Европскиот клупски куп (ЕКК), пандан на фудбалската Лига на шампиони.
Првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, изрази задоволство што историскиот успех кој се случи во годината кога Алкалоид прославува осум децении постоење на компанијата и четири децении постоење на клубот.
„Пресреќен сум што може да прославиме еден огромен успех. Македонија има европски шампион и сите сме горди на овој постигнат успех. Пред себе имавме петгодишен план, чија крајна цел беше освојување на европската титула, лично изненаден сум што до неа стигнавме порано од почекувањата, но поради тоа нашата радост е уште поголема“, рече Мукаетов.
Историскиот успех Алкалоид го оствари во состав: ВМ Лирен Динг, Кина (2.764), ВМ Дмитри Андрејкин, Русија (2.736), ВМ Павел Ељанов, Украина (2.736), ВМ Дмитри Јаковенко, Русија (2.709),ВМ Јангуи Ју, Кина (2.721), ВМ Јури Криворучко, Украина (2.702) и Македонсците ВМ Трајко Недев (2.480) и ИМ Филип Панчевски (2.503). Капитен на екипата беше ВМ Драгољуб Јаќимиќ.
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
