Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обрати на јавноста по средбата со кинескиот претседател Шји Џинпинг, велејќи дека му е приредено добредојде како ниедно друго.
Трамп рече дека имал продуктивни разговори со Шји порано денес и дека тоа било драгоцена можност да разговараат за многу работи. „Беше голема чест да бидам со вас“, рече тој.
Кинескиот претседател, пак, рече дека Соединетите Американски Држави и Кина треба да бидат партнери, а не соперници.
Тој ја упати пораката за време на здравицата на приемот организиран во чест на Трамп и американската делегација. Во својот говор, Шји, исто така, потсети дека оваа година, 2026 година, се одбележува 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД.
Кинескиот претседател го нагласи потенцијалот за соработка меѓу двете земји. „И кинескиот и американскиот народ се одлични луѓе“, рече тој.
Додаде дека двете сили можат да работат за општото добро. „Можеме да си помагаме едни на други да успееме и да придонесеме за благосостојбата на целиот свет“, рече тој, завршувајќи со порака: „Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници“.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
