Шји Џјинпинг ќе ја посети Северна Кореја првпат по 2019 година

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг в понеделник и вторник ќе престојува во посета на Северна Кореја – јавија денеска државните медиуми во двете земји, што го означува првото патување на кинескиот лидер во оваа држава по 2019 година.
Ниедна од страните не откри детали за планираните разговори меѓу Шји и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Објавата пристигна само еден ден откако Ким, за време на посетата на новоотворениот погон за производство на нуклеарен материјал, нареди големо проширување на нуклеарните сили на земјата.
Кина и Северна Кореја одржуваат блиски политички врски, потсетува ДПА. Двете земји се поврзани со договор за заемна одбрана, што е единствениот таков договор на Кина со друга нација.
Посетата на Шји доаѓа во време кога Северна Кореја продолжува да ја продлабочува воената соработка со Русија, додека истовремено работи на проширување на своите нуклеарни и ракетни програми, потези што ги зголемија тензиите со САД и нивните сојузници во регионот.
Ново на Сител
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
