Широкопојасен интернет во 93,5 проценти од фирмите со 10 или повеќе вработени
Широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) годинава имале 93,5 проценти од фирмите со десет или повеќе вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пристап на интернет преку пренослив уред, со мобилна телефонска мрежа (3G/4G), пак, е регистриран кај 59,1 процент од деловните субјекти. Таков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop, smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 11,4 проценти од вработените во фирмите.
Според Државниот завод за статистика, половина односно 49,8 проценти од деловните субјекти користеле социјални медиуми (Facebook, LinkedIn, Twitter, Present. ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки...) односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум.
Веб или почетна страница имаат 52 проценти од деловните субјекти, а 79 проценти од нив на страницата понудиле опис на производите/услугите, ценовници, 40,2 проценти навеле линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 16,4 проценти обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.
Софтверски пакет за електронска и автоматска размена на информации (ERP) според евиденцијата на Државниот завод за статистика имале 17,7 проценти од фирмите, а 21,6 проценти употребувале софтверска апликација за управување или анализа на информациите за клиентите, т.н. CRM.
Во текот на минатата година, 7,7 проценти од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, вршеле е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 3,6 проценти, а е-купувања имале 5,9 проценти од деловните субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ново на Сител
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот