Широк форум за обединување на сириската опозиција во Ријад
Претставници на сириските опозициски политички сили и вооружени групи денеска во Саудиска Арабија почнаа разговори во обид да ги обединат своите позиции пред евентуалните преговори со режимот во Дамаск.
Саудиската агенција за информирање јави дека во Ријад сириската опозиција почна голема обединувачка средба.
Под засилени мерки за безбедност учесниците расправаат зад затворни врати во еден голем хотел во Ријад,
Саудискиот министер за надворешни работи Адел ибн Ахмед ал Џубеир ги поздрави делегатите и изрази надеж дека форумот ќе биде плодотворен. Тој очекува дебатата да продолжи и утре.
До овој момент сириската опозиција изгледаше фрагментирана и разединета.
Ваква средба немало од почетокот на конфликтот во Сирија, во 2011 година, што веќе зеде над 250 000 жртви и од земјата протера милиони други, забележаа француските медиуми.
Ново на Сител
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод