Шилегов: За дивоградбата кај Мавровка да се вклучи и Државниот градежен инспекторат
Општина Чаир по трет пат распиша тендер за избор на економски оператор кој ќе се нафати да ја урива дивоградбата кај Мавровка. Надлежните сеуште не открија кој ја изградил. Овојпат општината нуди двојно повеќе пари од проценетата вредност. Ако се јави фирма на третиот по ред тендер, ќе биде платена 2 милиони денари. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека треба да се вклучи и државниот градежен инспекторат.
„Градот го обелодени и го институционализираше проблемот со дивоградбата на Мавровка. Останува на Општина Чаир да изнајде начин и модалитет за рушење на дивоградбата а зошто да не на крајот на денот и Државниот градежен инспекторат да преземе определени активности и ингеренции со кои би дошло до отстранување на тој објект.“
Одговор побаравме и од општината Чаир. Портпаролот вели сите потребни активности се преземени, донесен е правен акт, но чекаат да се пријави економски оператор кој ќе ја сруши дивоградбата. Решение има, останува да се спроведе.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
-
Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски