Шилегов: Во недела изберете развој на Скопје, демократска и отворена власт
Актуелниот и иден градоначалникот Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври.
„31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години. Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели. Скопје за четири години доживеа целосна промена и тргна во правилна насока. Тоа е она што го нудам во следниот мандат, да го завршиме започнатото и да изградиме европски и чист град со модерен јавен транспорт и квалитетна инфраструктура. Од другата страна се понудија многу празни зборови, но уште поопасно, многу лаги. Лагите и криењето од вас граѓаните не смеат да бидат составен дел политичката култура во Скопје. Бегањето од јавноста, бегањето од дебата и криење на вистината е нешто што сите ние заедно го искоренивме во 2017 година. Криењето на вистината е страв од сопствените граѓани. За жал, тоа деновиве повторно го гледаме во режија на ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка“, вели градоначалникот Шилегов во своето обраќање.
„Ваквото однесување е неодговорно кон вас скопјани, но и опасно потсетува на време кое верувам дека никој не сака да се врати. Со ова тие потврдуваат дека нема никаква промена во начинот на кој сакаат да го водат градот. Во недела вие избирате помеѓу развојот на Скопје кој го започнавме заедно, отворена и демократска власт или предавање на Скопје на истите луѓе кои со децении го уништуваа и работеа само за свој личен интерес. На 31 октомври излезете и изберете силно и обединето, заедничко Скопје. Изберете напредок, изберете Скопје каде луѓето а не политиката се важни“, потенцира градоначалникот Шилегов.
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци