Шилегов: Успеавме да го намалиме бројот на загадени денови
Mногу е важно во грејните сезони кога е најголемо загадувањето да успееме да го намалуваме бројот на загадени денови, што е нешто што трета година по ред нас ни се случува. Во просек имаме помалку загадени денови, но тоа никако не значи дека не е загадено, тоа уште помалку и значи дека треба да престанеме да работиме. Напротив треба вака посветено како што работевме изминативе три години да продолжиме и понатаму да работиме, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој одговарајќи на новинарско прашање во однос на загадениот воздух, посочи дека не може одеднаш да ги снема деновите на загаден воздух.
Во однос на инспекциите во Злокуќани и Бардовци каде домаќинствата се греат со горење на пластика и гуми, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев рече дека треба да се направат законски измени за евентуални контроли во домовите.
– Нашите инспекторати и градскиот инспекторат постапуваат на отворено. Дополнително што можеме да направиме заедно со Собранието во дел на законски измени или со Државниот инспекторат за животна средина за евентуални контроли во домовите. Меѓутоа, од друга страна имаше и субвенции за клима инвертери на сите кои ќумбињата на дрва ќе ги предадат, рече Богоев, додавајќи дека годинава во Злокуќани наместо да ги гонат оние кои палат кабли, им го затвориле местото каде бакарот од горени кабли го продавале.
Тој очекува во 2021 година синхронизираноста на општинските и градскиот инспекторат дека ќе вродат со плод и конечно да го решат проблемот.
Ново на Сител
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани