Шилегов: Со ново системско решение ќе се растовари метежот во центарот на Скопје

Новата градска администрација има цел преку еколошко и модерно системско решение да го растовари градскиот метеж во центарот на градот и да се намали емисијата на штетни гасови, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на Регионалната конференција „Зголемување на бројот на велосипеди во Скопје“ поддржана од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и германската Влада.
- Со секоја нова реконструирана и изградена улица Скопје предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, а се со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на град Скопје, рече Шилегов.
Нагласи дека Скопје ќе биде просперитетен и модерен град и најави дека планот на градската администрација е Скопје треба да стане зелена европска престолнина до 2021 година со функционирање на градот со системот смарт- сити.
Џејмс Магбет од ГИЗ Македонија во своето обраќање рече дека ќе употреби драматичен говор при што му се обрати на градоначалникот Шилегов порачувајќи му дека ова не е обична работилница, туку дека се работи за живот или смрт.
-Ние ги воспитиваме нашите деца во овие урбани средини. Ако погледнете на вашата веб страница можеби ќе најдете некои критични ставки што тврдат дека околу 90 проценти од населението во урбаните средини страдаат од загаден воздух и дека секоја седма смрт е поврзана со лошиот воздух во урбаните средини, рече Магбет.
Тој се осврна и на градскиот превоз за кој порача дека потребно е да се обезбеди оддржливост на транспортниот сектор и да се направи што е можно повеќе да биде енергетски ефикасен.
Ново на Сител
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
