Шилегов: Сметките за вода не се повисоки, само е издвоен надоместот за градско зеленило
Согласно одлука на Советот на Град Скопје од 2012 година ставката за надоместок што се плаќа од наплатената сума за вода од 19,5 отсто е исплаќано на ЈП „Паркови и зеленило“ уште тогаш. Онаа што сега е направено по налог на Регулаторна комисија, е разложена цената на вода за пиење, истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на новинарско прашање околу информациите дека граќаните почнаа да се жалат дека добиле повисоки сметки за вода за околу 20 отсто.
– Тоа не е одлука на Советот на Град Скопје. И не е нова одлука. Цената на водата е непроменета, надоместокот за зеленило е со одлука на Советот од 2012 година. Она што ние го направивме е согласно решението што го доби Градот Скопје од страна на Регулаторната комисија согласно законските решенија од 2016 година дека мора да се издвои ставката за одржување на градското зеленило и сега таа е воведена во сметките за вода. Значи водата не е поскапена, само во сметката сега првпат е видливо како ставка и финансирањето на „Паркови и зеленило“. А процентот од 19,5 осто што сега за прв пат се гледа на сметките како таков постои од 2012 година, само првпат го правиме видлив во самата сметка, рече Шилегов на промоцијата на новиот парк во Топанско поле.
Тој посочи дека не може да знае дали некои индивидуални сметки за вода се повисоки и додаде дека скопјани пијат најевтина вода во Европа.
Ново на Сител
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат