Шилегов: Нема злоупотреба на деца за религиозни и политички цели во бадниковата литија
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов смета дека во однос на Бадниковата поворка нема злоупотреба на деца во религиозни и политички цели, бидејќи, како што рече, станува збор за граѓанска иницијатива, а Градот со обезбедување превоз за децата само излегол во пресрет на нивните барања.
- Тоа е граѓанска иницијатива која што се обрати до градоначалниците и до Градот Скопје. Не гледаме дека е злоупотреба на децата, бидејќи таа иницијатива потекнува од самите родители на децата, кои свесно ги внеле децата во таа иницијатива. Ние како град Скопје само излеговме во пресрет на определени потреби за превоз на децата со автобуси. Не гледам дека може да стане збор за каква било злоупотреба во тој случај, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Запрашан дали со ова не се нарушува секуларноста на државата Шилегов посочи дека не може да стане збор за тоа, бидејќи тоа е граѓанска иницијатива.
- Таа не доаѓа од некоја од религиозните заедници, туку е класична граѓанска иницијатива, која слави еден верски празник што е нешто што доста често ни се случува во државата, а ние како избрани претставници токму на граѓаните, во зависност од нивните потреби и во зависност од можностите им излегуваме во пресрет, додаде Шилегов.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници