Шилегов: Не успеав да видам визија за Скопје кај опозицијата
Политиката треба да е натпревар на идеи и креации од каде ќе вадиме нешто што е подобро за граѓаните, но за жал во изминативе четири години не успеав да видам визија за градот Скопје од опозицијата, порача денеска Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на Коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ за уште еден мандат на претстојните локални избори.
-Напротив се убедува јавноста дека Шилегов ништо не направил. Направивме четири булевари, еден го завршуваме, втор го почнуваме, две најголеми клучки за само еден мандат. Четириесет години се зборуваше за трамвај во Скопје, а бас рапид транзитот е со потпишани парични средства и е во тек тендерската постапка за само еден мандат. При тоа, успеавме да го зачуваме зеленилото во Карпош и во Центар затоа што сакавме да дадеме простор на развојната визија за Скопје со цел да престане со девастацијата на она што е останато во неговото централно јадро. Овде, каде што сме денеска, ни се потребни нови јавни простори и нова јавна инфрструктура и тоа е она што го креираме и што скопјани знам дека го прпознаваат, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање при денешното означување на почетокот на тендерската постапка за изградба на клучка на крстосницата меѓу булеварот „Словенија“ и „Качанички пат“.
Потенцира дека му е жал што немаат пандан од страна на опозицијата на визијата за развој на Скопје, зашто, како што рече, нвината визија можевме да ја видиме во изминатите 27 години пред моето доаѓање за градоначалник на Скопје.
-Дури 680 милиони евра се вложени во еден квадратен километар. Замислете што се можевме да направиме со тие пари во Скопје ако имаа визија да го развијат градот, потенцира Шилегов.
Прашан за коментар на најавите на кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски Камиказа дека води според некои нивни анкети и дека убедливо ќе го победи во првиот круг, Шилегов рече дека секој има право да се надева на успех.
-Нема да ги коментирам ставовите на луѓето кои се кандидираат за градоначалник на Град Скопје се додека се однесуваат лично на мене, но секогаш сум подготвен да дебатирам со било кого за визијата за Скопје и за развојот на нашиот град. Секој има право да се надева на успех во изборниот циклус и тоа право му го давам и на господинот Георгиевски. Јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Тоа ќе го кажат граѓаните на 17 октомври и мислам дека е малку во заблуда, посочи Шилегов.
Ново на Сител
-
ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски
-
Олуките за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница на државата и на КПД Идризово поминаа на Комисијата за одбрана
-
Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД
-
Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане
-
Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи
-
Палевски: Заминав во Турција за да докажам дека Гоце Делчев бил убиен од врховистите, а не турски аскер
-
Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани