Шилегов: Не сум задоволен како стоиме со правдата, тоа е следниот таргет
Не сум задоволен како стоиме со правдата. Во борба сме со остатоците од она што беше Сваровски-судство. Со тоа судство се тепаме и поради тоа не до крај можеби во оваа фаза можеме да ја спроведеме правдата, која е толку насушно потребна во нашето општество. Тоа е следниот таргет, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според него, работите бавно се одвиваат во судството, но не во целото, туку во она во чиј домен е одлучувањето за криминал. -Претежно зборуваме за еден суд во државата Основен, и еден суд во државата Апелациски, рече Шилегов.
Не смета дека евентуално незадоволство од работата на градоначалниците може да се одрази на предвремените избори зашто, како што вели, народот е мудар, знае да ги дели работите и точно знае за што и за какви политики гласа. Во изминатите речиси три години не гледа, рече, фундаментални и стратешки грешки во носење политички одлуки од СДСМ, туку ситни и човечки грешки направени во ôд. Притоа нагласи дека за две и пол години земјава станува членка на НАТО.
Во однос на тоа дали Градски енергетски системи (ГЕС) ќе ја гради мрежата за снабдување со гас, градоначалникот одговори дека искрено се надева, и дека Градот ќе излезе од, како што рече, правните лавиринти во кои се наоѓа визави концесискиот договор со БЕГ.
-Ако сакаме да го решиме од корен проблемот со аерозагадувањето во нашиот град, ние мора стратешки и коренито да го решиме проблемот со затоплувањето на домовите. Во една таква констелација на односи, мојата одлука беше дека Градот мора да биде предводник и креатор на сопствена енергетска политика и заради тоа го создадовме ГЕС. Имаме животен интерес за развој на мрежата, зашто дисперзијата на топлотна енергија во што е можно повеќе домови значително ќе придонесе во намалување на емисијата штетни гасови во градот, истакна скопскиот градоначалник во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Пуштањето во употреба на стационарот за кучиња скитници „Лајка“ (поранешно Вардариште) доцни поради стандарди што досега биле невообичаени за заштита на животните, како што е воведување подно греење, а комуналната полиција најавена до крајот на годинава е во застој поради закажаните предвремени избори. Законот е подготвен од Град Скопје и доставен на мислење до 17 институции.
Со усвоениот буџет на Град Скопје ќе продолжи континуитетот на инфраструктурни проекти кои почнале во 2019 и, како што рече Шилегов, ќе бидат сериозно видливи во 2020-2021. Во буџетот се предвидени и средства за зголемување на платите на пожарникарите.
Ново на Сител
-
„Хеленик трејн“: Ламарини, прехранбени продукти, пива и железни жици превезуваше товарниот воз што се судри со патничкиот кај Темпи
-
Утре и во сабота топло, во недела дожд
-
51-годишник починал при извршување на работни задачи на патот Кичево-Охрид
-
Убиството на маж кој го запали Куранот во Шведска пренесувано во живо на социјални мрежи
-
Дел од терапијата што недостасуваше на УКРО пристигнала денеска, соопшти Таравари
-
Единаесет лица повредени во пожар во студентски дом во Љубљана
-
Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон
-
ЕК планира тужби против членките на ЕУ што нема да ги спроведуваат мерките за намалување на бирократијата