Шилегов: Граѓаните треба да бидат сојузници кога се спроведува некоја мерка
Основната претпоставка кога институционално пропишувате каква било мерка и ја ставате во сила, е да ги имате граѓаните како сојузници во тој процес, наведе градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, посочувајќи дека граѓаните кога се дел од јавниот живот треба да ја користат заштитната опрема со цел да се заштит од пандемијата од Ковид-19.
– Не може да биде поставен систем со којшто ние на секој човек ќе му „залепиме човек“ да го потсетува дека треба да се придржува на основната безбедносна култура кога е епидемијата. Ние имаме пропишан пропис којшто бара од граѓаните кога се дел од јавниот живот, значи кога ги напуштаат своите домови, да имаат определена лична заштитна опрема што ќе ја користат додека се во јавниот простор, истакна Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дека нема конкретен пропишан протокол за јавниот градски превоз.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам