Шилегов: Две години Скопје стои во место, намерно беше закочен проектот за нов транспорт-БРТ
Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија истакна дека Скопје загуби две години, поради неподготвеноста и непознавањето на материјата од страна градските власти системот за јавен транспорт во Скопје, Бас рапид транзит – БРТ, две години беше закочен.
-Нема стратешки недостатоци во проектот БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста, истакна Шилегов, додавајќи дека на проектот БРТ работеа експерти од Лондон, Брисел, но и од земјава и сообраќајното решение е врз таква експертска основа, тендерот беше распишан пред изборите во 2021 година, но актуелната локална власт во Скопје ја прекина постапката. Тоа е единствената издржана опција за современ јавен транспорт во Скопје додаде тој.
Шилегов зборуваше и за неисполнетото ветување на Арсовска за бесплатен градски превоз и додаде дека граѓаните се изневерени од лесни зборови кои не биле реални потенцирајќи дека единствена можност за поевтинување на превозот е БРТ, кој би ги намалил цените на јавен транспорт значително, за дури 70%.
-Запрепастен сум од односот на сегашната локална власт кон граѓаните. Видовме што се случува со јавниот превоз во градот, прв пат имавме штрајк во јавниот превоз, автобуси речиси и да нема, уништен е системот на ЈСП. Тоа сето се удира врз граѓаните, цената ја плаќаат граѓните, рече Шилегов, додавајќи дека секоја лесно изговорена реченица, носи тешки последици.
Во врска со евроинтеграцијата, Шилегов, нагласи дека напорите на СДСМ се искрени кон државата и кон граѓаните.
Верувам дека проевропските сили во Македонија се се уште доволно политички јаки да ја водат државата напред, граѓаните сакаат извесна иднина, а не да живеат во неизвесност, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов за вестите на Сител телевизија.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
-
МЕРСМ: Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика
-
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин
-
Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски
-
Кривична против три лица кои на 10 мај опожариле викенд куќа во велешко
-
Приведен 49-годишен кумановец, возел со 3,46 промили алкохол во крвта