Шестмина хоспитализирани откако автомобил удрил во нив пред ноќен клуб во Велс
– Шест лица се пренесени в болница откако возило удри во „група пешаци“ пред еден паб во јужниот дел на Велс, соопшти синоќа локалната полиција.
Полицијата потврди дека добила повик околу 20:30 часот откако возилото удрило во пешаците во близина на ноќниот клуб Виндзор во Понтиклун, околу 18 километри западно од Кардиф.
Според полицијата, 79-годишниот возач на автомобилот „Форд Пума“ веројатно претпрел некаков здравствен проблем, поради што изгубил контрола врз возилото и удрил во луѓето.
Возачот на автомобилот се наоѓа во критична состојба, еден од повредените е со потешки повреди, а четворица се здобиле со полесни повреди.
– Ова беше многу вознемирувачки инцидент и благодарни сме на луѓето кои им помогнаа на повредените веднаш по судирот, изјави главниот полициски инспектор Џејмс Рати.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата