-->
-->
Шестмина бегалци од кои пет деца од Украина повредени при превртување на автобус во Полска
-->
Пет деца и едно возрасно лице се повредени со сообраќајна несреќа што денеска се случи во Полска, кога се превртел автобус што превезувал бегалци од воените зони во Украина.
Несреќата се случила на националниот пат 17 на делница од патот Лублин – Краснистав, кај местото Колонија Сидлски. Бегалците патувале од граничниот премин Хребене кон Варшава.
„Во автобусот имало 73 лица. Кај Колонија Сидлиски автобусот ненадејно излегол од коловозот, навлегол во каналот крај патот и се превртел. Возачот на автобусот не бил во алкохолизирана состојба, изјави Елвира Домараџка, портпарол на оклужн ата полициска станица во Свидник. Таа појасни дека најверојатно причина за незгодата бил премор на возачот кој заспал зад управувачот.
„Бев на местото на несреќата, службите веднаш интервенираа, акцијата за спасување беше спроведена мошне ефикасно и диманично, рече таа.
Целата група бегалци од автобусот е одведена во објектот на Доброволното противпожарно друштво во близина, каде на бегалците им е даден топол оброк и појалоци, а пружена им е и психолошка поддршка.
Специјализирана механизација го извлекува автобусот од каналот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико