Шесткратниот шампион во Мото ГП, Маркез, хоспитализиран по падот и ќе ја пропушти Големата награда на Индонезија
– Возачот на Хонда, Марк Маркез, ќе ја пропушти трката за Големата награда на Индонезија. Маркез не успеа да го контролира мотоциклот во седмиот свиок на патеката, по што излетал во воздух и паднал. Шпанецот веднаш со хеликоптер беше пренесен во една од локалните болници.
Првичниот лекарски преглед не откри сериозни повреди на возачот, но тимот, лекарите и самиот Маркез решија да не одат останат во болница и да продолжат со контролите.
Трката за Големата награда на Индонезија требаше да започне во 8:10 часот по македонско време, но нејзиниот почеток беше одложен поради обилните врнежи од дожд.
Маркез е шесткратен шампион во Мото ГП. На првата трка од сезоната 2020, Шпанецот заработи тешка повреда на десната рака, поради што ја пропушти целата сезона и првите две трки во 2021 година.
Ново на Сител
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
