Шести филмски фестивал „Watch out“ во Тетово
Шестото издание на меѓународниот филмски фестивал „Watch out“ од денеска до петок ќе се одржува во Тетово. За време на четирите фестивалски дена ќе се прикажат 42 филма од различни жанрови: експериментални, документарни, анимирани и кратки играни филмови.
Меѓународниот филмски фестивал „Watch out“ е во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово во соработка со Гете институтот од Скопје, а поддржан од УСАИД преку проектот „Трансформерси“.
Свеченото отворање е закажано за 20 часот во Музејот на Комунистичката партија во Тетово – Куќата на Јовановци во тетовската населба Два Бреста. Ако временските прилики не дозволат, проекциите на филмовите ќе се одржат во просториите на Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово.
- „Watch out“ од година во година расте, а доказ за тоа е што годинава имавме добиено 292 филма од 92 држави од сите пет континенти. Она што е позначајно е тоа што во пристигантите филмови има многу познати продуцентски куќи и автори кои учествувале и на многу други филмски фестивали насекаде во светот, така што за нив Тетово станува точка од интерес, изјави Бујар Љума од „Лоја“.
Скип Блимберг од проектот „Трансформерси“ истакна дека е тука за да ја набљудува работата и да даде совет околу видео продукцијата.
- Пред две години учествував на овој фестивал со мое дело. И сметам дека „Watch out“ остава белег во фимската индустрија насекаде во светот, рече Блимберг.
Од сите пристигнати филмови, најпрвин била извршена селекција, а потоа стручното жири во состав Луарн Ахмети и Оливер Мусовиќ од Македонија, Клара Оверинк од Германија и Матје Мијелешко од Полска, да изберат 42 филмови од кои веќе се прогласени победниците.
Во категоријата краток филм тоа е „Нини“ од Давид Морено од Шпанија, кај документарната секција победник е „Бемо Пинтар“ на Меиди Ада од Индонезија, а кај анимираните филмови за најдобар е прогласен „Детето“ од Мона А. Шахи од Иран. Во документарните филмови тоа е „Зад спомените од загубената држава“ на Ема Зуковиќ, која има потекло од Македонија а тука учествива како претставничка на Ирска.
Организаторите најавија дека таа можеби ќе присуствува на фестивалот како и Давид Морено од Шпанија, додека претставниците од Индонезија и Иран поради долготрајната процедура за добивање влезна виза во Македонија ќе бидат поканети на следното издание на фестивалот.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми